(Фото) Бредли Купер се прошета во Њујорк со ќерка си

Откако минатата година глумецот и режисер Бредли Купер се раздели од неговата партнерка, манекенката Ирина Шајк, тој секое слободно време го користи да биде со неговата двегодишна ќерка Леа.

Викендов беа видени низ улиците на Њујорк. Купер ја однел Леа да го гледа како тренира бокс. Ирина и Бредли постигнаа договор за правната и физика грижа над својата двегодишна ќерка која планираат заеднички да ја одгледаат во Њујорк.

Договорот на поранешните партнери е постигнат без никаков писмен договор, пренесува извор близок до Купер. Дека е грижлив татко, потврди и неговиот пријател Бред Пит, кој неодамна јавно му се заблагодари на помошта што му ја понудил при одвикнувањето од алкохолот.

 

 

Scroll to Top