(Фото) Бремена Кира Најтли на пазар, поинаква од славната актерка на црвениот тепих

Британската глумица Кира Најтли (34) папараците ја сликале во Лондон додека купувала овошје, во опуштено издание и без шминка. Oблечена во здолниште, тексас јакна и рамни обувки, воопшто не наликува на славната ѕвезда.  Ѕвездата од „Пиратите од Карибите“ е бремена по  втор пат. Таа е во брак со музичарот Џејмс Рајтон, со кого се ванчаа во 2013 година, а пред две години ја добија ќерката Ида. Искуството на Кира со првото породување било трауматично и за тоа отворено зборувала во нејзиниот есеј кој се занимавал со притисокот на жените да изгледаат совршено по породувањето.

 

Scroll to Top