(Фото) Бритни Спирс гола на плажа со мистериозен маж

По шокантните мемоари кои неодамна ги објави, Бритни Спирс (41) се опушти на плажа – целосно гола.

Таа позираше со насмевка на лицето, со грбот кон камерата. Носеше само обетки. На фотографијата се гледа и сенката на мистериозниот маж кој ја направил фотографијата.

Ова не е прв пат Бритни да го покажува своето голо тело на социјалните мрежи. Таа неколку пати се соблече на плажа, позираше без облека во када, на креветот.

Да потсетиме дека во мемоарите „Жената во мене“, Спирс ги откри деталите од старателството што татко и го имал над неа и ги сподели шокантните детали од врската со пејачот Џастин Тимберлејк.

Таа напиша како забременила за време на нивната врска и ја прекинала бременоста, на негово убедување.

Според нејзините тврдења, Џастин и предложил да пие апчиња за абортус.

Scroll to Top