(Фото) Брук Шилдс во бикини

Љубителите на светската кинематографија сигурно добро го паметат филмот „Сина лагуна“ од 1980 година. Во истиот играа Кристофер Еткинс, како и младата холивудска ѕвезда Брук Шилдс, која тогаш имаше само 15 години.

Од овој филмски спектакл минаа 38 години, а Брук е во шестата деценија од животот. Таа редовно на „Инстаграм“ објавува фотографии, а на последните кои ги постирала е облечена во бикини.

На нив може да се забележи дека е во добра форма, а за својата линија од обожавателите добила само пофалби.

Досега двапати се мажела.

Била во брак со легендарниот тенисер Андреа Агаси, од 1997 година до 1999 година. Од 2001 година е омажена за американскиот режисер и сценарист Крис Хенши. Со него има две деца.

 

Scroll to Top