Американскиот актер Брус Вилис очигледно добро се забавува среде пандемијата на коронавирус, а неговата ќерка неговиот излед го сподели со фановите.
Ќерката на 65-годишниот актер, Румер Вилис објави фотографија на својот профил на Инстаграм на која е фотографиран Брус во портокалов костим и маска за заштита од коронавирус. Румер откри дека тоа е истиот костим што Брус го носеше во познатиот филм „Армагедон“ од 1998 година во режија на Мајкл Беј.
Својот изглед Брус го опишал со зборовите дека ова е „неговиот начин да го спаси светскиот „аутфит“, откако веќе „го спаси“ еднаш светот од големиот метеор во „Армагедон“.
Ѕвездата од „Умри машки“ нема свој профил на социјалните мрежи, па неговата ќерка ја презела одговорноста фановите да дознаат за домашниот „маскенбал“.