(Фото) Чендлер од „Пријатели“ пропаднат – оќелавен и здебелен

Глумецот Метју Пери, кој се прослави со улогата на Чендлер во серијата „Пријатели”, веќе не личи на себе, пишуваат американските медиуми. Проќелавен на темето, здебелен, со свиснати гради, глумецот делува остарено и пропаднато, стои во натписите. Според нив, ова не е резултат само на неговата возраст, туку и на долгогодишната зависност од алкохол и наркотици.

Пери години наназад не снима и избегнува да се појавува во јавноста. Откако папараците го сликаа во Њујорк, неговите фанови коментираат дека Чендлер никогаш не изгледал полошо.

Scroll to Top