Пејачката Мајли Сајрус неколку дена ги мина во болница поради проблемите што ги има со крајниците, пишуваат светските медиуми. Нејзиниот дечко, музичарот Коди Симпсон, ја изненади за време на посетата со букет рози, а со гитарата ѝ отсвирел некои од нејзините омилени песни.
Мајли на социјалните мрежи напиша дека сега се чувствува подобро и ќе се обиде да оздрави во скоро време. Пејачката ѝ се заблагодари на својата мајка Тиш Сајрус, која постојано била со неа.
„Ќе се обидам да оздравам за скоро време. Сакам да ѝ се заблагодарам на мајка ми што ми помага да изгледам подобро. Сега се чувствувам добро“, напишала пејачката под објавената фотографија од болницата.
Пејачката од неодамна е во врска со Симпсон откако се разведе од актерот Лијам Хемсворт, со кого беше во брак година дена.