(Фото) Дејвид и Викторија Бекам со родителите летуваат во Грција

Дејвид и Викторија Бекам летово го поминаа во Грција заедно со нивните родители, пишуваат светските медиуми. Викторија ги објави фотографиите од одморот на социјалните мрежи.

На едната фотографија поранешниот фудбалер е заедно со родителите на Викторија, Џеки и Тони Адамс, а потоа се фотографираше и со неговата мајка Сандра.

„Ве сакаме многу“, напиша поранешната пејачка од групата „Спајс грлс“.

Медиумите пренесуваат дека Дејвид Бекам е премногу врзан за неговата мајка Сандра. Тој претходно на социјалните мрежи ѝ го честиташе 70. роденден. Го прославија со семејна вечера и торта. Мајка му на Бекам се разведе од татко му Тед во 2002 година.

 

 

Scroll to Top