(Фото) Денис Квејд се вери со студентка

Холивудскиот глумец Денис Квејд (65) се сврши со 39-години помладата студентка Лора Савој, пишува порталот „Ти-ем-зи“. Според нив, Денис ја побарал 26-годишната Лора за жена минатата недела додека биле на летување на Хаваи. Порталот објави слика на која на раката на Лора се гледа свршенички прстен. Двојката е во врска неколку месеци, а првпат се појавија заедно во јавноста во мај.

Познатиот глумец засега не ја потврди информацијата за веридбата. Тој претходно трипати бил во брак – со Пи Џеј Солс, Мег Рајан и Кимберли Квејд. Лора, пак, пред Денис била во врска со глумецот Џереми Пивен (54).

Scroll to Top