(Фото) Џастин Бибер ги покажа сите тетоважи

Поп-ѕвездата Џастин Бибер е голем љубител на тетоважи. Преку својот инстаграм-профил тој сподели фотографија на која ги покажа сите тетоважи на својот стомак и на градите.

Речиси не постои сантиметар од тој дел од телото на Џастин што не е тетовиран. Под фотографијата Џастин напиша: „Повеќе од 100 часа тешка работа на моето тело и не би избришал ниту една. Апсолутно сакам уметност и од своето тело направив платно, многу е забавно“.

Некои од фановите се воодушевени од тетоважата, а други коментираа дека претерал.

Scroll to Top