(Фото) Џастин Бибер објави дека ќе стане татко

Светскиот пејач Џастин Бибер ги изненади своите фанови на „Инстаграм“ навестувајќи дека наскоро ќе стане татко. Бибер успеа да ги измами обожавателите со објавената фотографија од ултразвук.

Многу од неговите фанови во коментарите му честитаа не сфаќајќи дека станува збор за првоаприлска шега. Фотографијата што  ја објавил Бибер е обична слика што може да се најде на „Гугл“.

Пејачот стана цел на лоши коментари. Ни на сопругата Хејли не ѝ се допандала ваквата шега, па во коментарот под фотографијата напишала „многу смешно“.

Бибер продолжил со првоаприлската шега објавувајќи фотографија и од Хејли кај лекар на преглед.

„Ако сте мислеле дека само се шегувам за први април, размислете повторно“, напишал Џастин.

По неколку часа пејачот објавил уште една фотографија од ултразвук, но овој пат на фотографијата било куче.

 

View this post on Instagram

 

If U thought it was April fools

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

Scroll to Top