Канадскиот пејач Џастин Бибер потрошил 25.000 долари за дијамантски забни навлаки, пренесуваат светските медиуми. Пејачот со својот нов аксесоар се пофали на социјалните мрежи.
Младиот пејач веднаш беше нападнат со коментари дека потрошил многу пари на нешто бесмислено. Најголем дел од фановите се согласуваат дека покрај толку сиромашни деца, на кој пејачот можел да им помогне, Џастин требало двапати да размисли пред да се одлучи да потроши толку пари на забни навлаки.
Тој вели дека сака да си ги исполни сите желби кои со пари може да си ги купи и дека не го интересираат коментарите на фановите.
Бибер важи за еден од најбогатите пејачи во музичката индустрија. Во изминатите неколку години тој доста е активен на социјалните мрежи. Во своите интервјуа вели дека повеќе време поминува во црква, отколку во музичкото студио или на концертите, а слободното време го користи да ужива во плодовите на својата работа.