(Фото) Џастин и Хејли Бибер славеа годишница од брак

Џастин и Хејли Бибер прославија 4 години брак. Парот тајно се венча во септември 2018 година. Канадскиот пејач сподели црно-бело селфи на кое тој и неговата сопруга лежат еден до друг со куче помеѓу нив.

„Среќна годишнина на мојата најдобра пријателка и сопруга Хејли Бибер. Благодарам што ме направи подобар во секој поглед“, напиша Џастин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber)

Исто така, и Хајли објави фотографии на „Инстаграм“. Една од нив беше од свадбата, која се одржа во Јужна Каролина, а на превезот на Хајли пишува: „Додека смртта не нѐ раздели“.

 „4 години во брак со тебе. Најубавиот човек што некогаш сум го запознала, љубовта на мојот живот. Фала му на Бога за тебе”, напиша таа.

Парот во 2018 годиниа потврди дека тајно се венчале само два месеца по свршувачката на Бахамите на 7 јули 2018 година. На 30 септември 2019 година парот прослави со поголема церемонија заедно со семејството и пријателите. 

Летово парот отиде на двонеделно патување на Бахамите откога на Џастин му беше дијагностициран синдромот Рамзи-Хант и беше принуден да го одложи американскиот дел од светската турнеја Justice World. Пејачот оттогаш ги откажа сите преостанати емисии за да му даде приоритет на здравјето.

Scroll to Top