(Фото) Џеф Колби од „Династија“ шармантен и на 64 години

Глумецот Џон Џејмс, кој се прослави со улогата на Џеф Колби во култната серија „Династија“, денес има 64 години. Иако одамна не се занимава со глума, повремено се појавува во јавноста, а дамите велат дека и во седмата деценија е шармантен како и пред четириесет години кога го глумеше ликот на Џеф.

Џон Џејмс на аудицијата за „Династија“ се пријавил за улогата на Стивен Карингтон. Продуцентите тогаш му ја понудиле улогата на Џеф Колби, еден од членовите на непријателското семејство Карингтон. Џон во едно интервју изјави дека со задоволство ја прифатил улогата и дека никогаш не се покајал.

Тој е роден 1956 година во Минеаполис, Минесота и е син на популарниот радио водител Херб Оскар Андерсон. Неговиот брат Херб Андерсон е исто така глумец. Дипломирал на Академијата за драмски уметности во Менхетен. Сепак, најголемата слава му ја донесе улогата во „Династија“. Тој одби да учествува во програмата Dynasty Reunion Special во 2006 година.

„Мислам дека е најдобро да ги оставиме луѓето да нè паметат како што бевме, а не како што сме сега“, рекол тој.

Денес, тој живее во Лос Анџелес со неговата сопруга, поранешната Мис на Австралија, Денис Ковард и нивните две деца, ќерката Лаура и синот Филип. Неговата ќерка победи во America’s Next Top Model во 2012 година. Таа се појави во филмот Hello Ladies.

Џон со ќерката
Scroll to Top