(Фото) Џеј Ло објави емотивна фотографија од Бен Афлек и од мајка му од свадбата

Бен Афлек сподели емотивен момент со својата мајка за време на неговата свадбена веселба со Џенифер Лопез која се случи минатиот месец.

Кристофер Ен Болд, мајката на Бен присуствуваше заедно со над 100 пријатели и семејство во комплексот на Џорџија. На фотографијата споделена во едиторијалот „In The JLO“, Болд може да се види со раката околу нејзиниот постар син додека актерот и го бакнува челото.

Еден ден пред церемонијата, Болд била лекувана во локалната болница откако наводно ја повредила ногата.

Братот на Бен, Кејси (47) не можеше да присуствува на свадбениот викенд во Џорџија, но ја пречека Лопез во семејството со објава на Инстаграм.

„Добрите работи вреди да се чекаат“, напиша тој на фотографијата од 2002 година со Бен и Лопез како се шетаат во Лос Анџелес

Откако првично се забавуваа од 2002 до 2004 година, Лопез и актерот ја обновија својата романса минатата година и ја објавија свршувачката во април. Двојката се венчаше во капелата A Little White Wedding во Лас Вегас за време на интимна полноќна церемонија во јули.

Scroll to Top