Американскиот актер Џејсон Момоа, кој стана познат по улогите во „Игра на престолот“ и „Аквамен“, стана мета на критики од неговите фанови дека го запоставил неговиот изглед.
Актерот, кој е препознатлив по неговите мускули, сега е обвинет дека пуштил пивски стомак. Порталот Us Weekley на својот инстаграм-профил објавил папараци фотографии од семејниот одмор на Момоа во Венеција.
Под фотографиите голем број од обожавателите коментирале дека актерот ги изгубил мускулите и дека пуштил стомак. Имало и такви кои го поддржаа актерот коментирајќи дека тој никогаш не изгледал подобро.
Момоа неодамна ја избричи брадата, за која вели дека ја негувал од 2012 година. Во јануари беше прогласен за најубав маж на светот, листа која од 1990 година, ја составува филмскиот критичар TC Candler.
–