(Фото) Џенифер Анистон ја избра Ана Брнабиќ за една од најмоќните жени на светот

Холивудската ѕвезда Џенифер Анистон, ја избра премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, за една од најмоќните жени на светот. Таа на својот „Инстаграм“ објави фотографии од неколку жени политичарки и активистки, за да им оддаде почит како на жени што го менуваат светот.

„Додека светот беше вознемирен од бучавата на оние отпорни на промени, промените секако се случуваат. Да ги зајакнеме жените и да го смениме светот“, беше пораката на Џенифер Анистон.

На листата на Анистон, меѓу другите се најдоа и германската канцеларка Ангела Меркел, норвешката премиерка Ерна Солберг, шкотската премиерка Николе Старџен, претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу. Анистон на листата ги стави и Камала Харис, новата потпретседателка на САД, Мишел Обама, но и младата активистка Грета Турнберг

 

 

Scroll to Top