(Фото) Џенифер Анистон не старее, во бикини покажа дека е во топ форма

Џенифер Анистон и во шестата деценија покажа дека е во топ форма. Глумицата од популарната серија „Пријатели“, се сликаше во костим за капење на плажа. Таа се забавуваше со пријателите, а со неа беше и глумецот Џејсон Батеман, ѕвездата од хит серијата Ozark.

„Презгодна. Не старееш. Магична. Заносна“, беа само дел од коментарите на фановите.

Џенифер во едно интервју за списанието First For Women рече дека тајната за нејзиниот добар изглед е здравата исхрана. Секој ден го пчонува со чаша топла вода со лимон, а често оди на часови по искачување по вештачки карпи.

„Кога ќе се разбудам ќе се напијам топла вода со лимон, а потоа шејк или авокадо и јајца. Јајца ги подготвувам на различни начини. Исто така јадем и овесна каша со заматена белка од јајца“, рече Анистон и додаде дека често медитира и редовно вежба.

За неа клучна промена се вежбите.

„Секогаш се обидувам да ги изненадам мускулите. Покрај качувањето на карпи, скокам и со јаже. Почетокто беше иритирачки, но, по шест месеци добив огромна кондиција. Освен тоа, јогата, тивкото седење и пишувањето ми помага да се фокусирам на мирот“, рече Анистон и додаде дека и миењето садови исто така ја опушта.

Scroll to Top