(Фото) Џенифер Гарнер и без шминка изгледа топ

Актерката Џенифер Гарнер по минатогодишните турбуленции во бракот со нејзиниот колега Бен Афлек, вели дека продолжила со своите секојдневни рутини за негување и сочувување на младешкиот изглед.

Гарнер вели дека не сака да користи премногу силна шминка и дека кога е во ситуација да мора да стави шминка, таа става само еден слој маскара и малку руменило на образите.

„Кога ќе решам да се нашминкам, тогаш обично ставан еден слој маскара и дискретно руменило за да може да ми се гледа колку може повеќе кожата. Најсреќна сум и најпријатно се чувствувам кога имам ставено малку шминка. Можеби некогаш претерувам кога ќе нанесам боја на очните капаци, но тоа е сè што ми е потребно. Што помалку шминка ставам, толку сум посреќна“, изјавила Џенифер за магазинот People и додала дека кожата ѝ е чувствителна на сонце.

„Кога станува збор за крема за сонце, често знам да претерам. Можам да ве посоветувам дека секогаш треба да имате крема против сонце до вас и да ја нанесувате колку можете почесто. Вашата кожа еден ден ќе ви биде благодарна“, вели Џенифер.

Scroll to Top