(Фото) Џенифер Лопез има целулит, фановите ја обвинија за фотошоп

Иако Џенифер Лопез  голем дел од слободното време го минува во вежбалница водејќи сметка за својот изглед, голем број фанови ја обвинија дека ги има изменето фотографиите на социјалните мрежи.

Дека пејачката се занимава со фотошоп говори последната фотографија од латино ѕвездата направена на Бахамите. Папараците ја снимиле пејачката во нејзиното природно издание, а на сликата фановите го забележаа нејзиниот стомак кој не е така совршен како на другите фотографии кои таа ги има споделено на социјалните мрежи.

Поп-пејачката вели дека е позната по тоа што води сметка за својот изглед и здравата и регулирана исхрана. Таа се оправда за целулитот на стомакот со тоа што секое слободно време го минува во вежбалницаи вели дека е посветена на здравиот живот.

Лопез изјави дека во еден период таа се обидела да ги мотивира бројните фанови ширум светот да ѝ се приклучат во „предизвикот“ на социјалните мрежи, каде ќе водат сметка за намирниците што ќе ги консумираат.

Scroll to Top