Пејачката Џенифер Лопез се најде среде мега скандал за време на Филмскиот фестивал во Торонто. Латино ѕвездата откако се појавила на црвениот тепих била исфиркана од група присутни на настанот, а кон неа биле фрлени и транспаренти и хартии со натписи дека ги мрази животните.
Скандалот се случил откако завршило фотографирањето. Таа додека чекорела кон централната сала, била погодена со хартии.
„Џеј Ло ги мрази животните“, „Џеј Ло престани да носиш вистинско крзно“, биле дел од навредливите транспаренти, со кои публиката фрлала кон пејачката.
Активистите за права на животите ја исвиркале музичката ѕвезда која побрзала да се тргне од црвениот тепих, додека нејзините помошници го чистеле патот пред и позади неа.