Пејачката Џенифер Лопез по промоцијата на спотот Te Guste не прекина со работните обврски. Таа веќе е во Мајами каде што го снима спотот за новата песна, која ќе ја изведе во дует со диџејот Каледо.
Во спотот, исто како и во претходниот на Те Guste, латино-пејачката го истакнува својот сексапил. Во поголемиот број видеа што ги снима публиката ја гледа или во бикини или танга.
Во Те Guste Лопез се појави во жолти бикини и црвена долна облека, a oвој пат ги покажа облинитe во сиви панталони. Стајлингот го комплетираше со истобојна танга која беше видлива цело време.
„Џенифер нема 50, туку 25 години. Каква кралица“, „Оваа жена не старее“, „Какво тело, толку е секси“, се само дел од комплиментите под видеото кое ги доби пејачката за песната Те Gueste.
ѝ