(Фото) Џереми Ренер по тешката несреќа се врати во вежбална

Актерот Џереми Ренер (52) продолжуи да се опоравува од страшната несреќа во јануари. Глумецот почна да оди во вежбална, а со фановите сподели фотографии од тренингот.

„Среќен петок“, им порача Ренер додека седеше до машината за кревање тегови.

За потсетување, ѕвездата од филмовите на „Марвел“ на почетокот на годината беше прегазен од плуг тежок 6 и пол тони додека го чистеше снегот. Се здобил со повеќе од 30 скршеници, по што му беа направени неколку операции.

„Овие 30 и нешто скршени коски ќе залепат, ќе станат посилни, исто како што се продлабочува љубовта и врската со семејството и пријателите“, рече Џереми.

Актерот неодамна беше виден и на забавата за 50-тиот роденден на Кејт Бекинсејл во придружба на неговиот пријател и колега Кејси Афлек. На моменти одеше без бастун и повремено се држеше за раката на Афлек.

Scroll to Top