Една недела откако манекенката Џиџи Хадид и пејачот Зејн Малик објавија дека чекаат бебе, фановите се убедени дека тие веќе се венчале тајно. Причината за ова е новата тетоважа на раката на Зејн на која се напишани стихови од поемата на Халил Гибран „За љубовта и бракот“. Оваа песна често се чита на венчавките, па затоа фановите мислат дека свадбената песна Зејн ја посветил на неговата жена Џиџи.
Двојката не ја потврди веста за венчавката. Но, тие потврдија дека Хадид е во 5. месец од бременоста и дека чека девојче.
За потсетување, Џиџи и Зејн ја почнаа љубовната приказна во ноември 2015 година. Неколку пати раскинуваа и се смируваа, а јавноста беше изненадена кога дознаа дека ќе станат родители, оти по последното раскинување, тие криеја дека се повторно заедно.
Пејачот на „Уан дајрекшн“ и една од најпопуларните светски манекенки, се сликаа заедно на насловната страница на магазинот „Вог“, а Џиџи се појави во спотот на Зејн за песната Pillow Talk.