(Фото) Џо од „Вовед во анатомија“ стана мајка

Камила Лудингтон вчера вторпат стана мајка кога роди син. Популарната Џо од „Вовед во анатомија“ потврди дека се породила во вторникот, а дека бебето ќе се вика Лукас Метју Ален.

„Последните три месеци ми личеа на година, ама конечно се породив. Мојот сопруг Мет и јас сме пресреќни што ни се роди Лукас, нашиот мал лав“, напиша таа на сликата што ја објави на социјалните мрежи.

36-годишната Камила и нејзиниот маж веќе ја имаат 3-годишната ќерка Хејден.

Scroll to Top