(Фото) Џон Стамос стана татко

Холивудскиот актер Џон Стамос, познат по улогата на вујко Џеси од хумористичната серија „Полна куќа“, стана татко. Синот Били е првото дете на 54-годишниот актер кој го доби со 32-годишната глумица, писателка и манекенка, Кејтлин МекХју.

Џон и Кејтлин се венчаа на почетокот на оваа година.

„Добре дојде Били Стамос (наречен по мојот татко)“, напишал Џон покрај фотографија што ја објави на „Инстаграм“.

Стамос зад себе има еден пропаднат брак со глумицата Ребека Ромијн од која се развел 2005 година. Од тој брак нема деца.

Scroll to Top