(Фото) Џони Дeп ќе се жени со го-го танчарка од Русија

Холивудскиот актер Џони Деп откри дека е заљубен во Русинка која по занимање е го-го танчaрка, пишува „Дејли Мејл“. Британскиот медиум открива дека Деп е заљубен во девојката по име Полина Глен, и дека сака да се ожени со неа.

Станува збор за девојка во дваесетите години, која актерот ја запознал на журка во Лос Анџелес. Двајцата биле видени заедно за време на престојот на Деп во Белград, каде го снимаше новиот филм Минамата.

Родното место на Полина е во Санкт Петербург, а таа се занимава со танц и кореографија. На почетокот на годината Џони Дeп беше фатен во страсна прегратка со Полина во хотел во Белград.

Полина, наводно, е во средните дваесетти години, а Деп го запознала минатата година на забава во Лос Анџелес. Освен во Белград, Деп и Полина беа снимени заедно во мај 2018 година во Москва, каде што тој пристингал со својот бенд The Hollywood Vampires.

Медиумите пишуваат дека двојката живее во вилата на Деп на Сансет булевар.

„Полина изрази желба дека сакаат да се венчаат и дека тој сака да ги запознае нејзините родители во Русија“, вели нивен близок пријател.

Scroll to Top