(Фото) Додека Меган танцуваше принцот Хари се досадуваше на концертот на Бијонсе

Принцот Хари со сопругата Меган Маркл беа на концертот на Бојонсе во Лос Анџелес. И додека Меган танцуваше, Хари се досадуваше. На моменти рацете му беа во џеб, а потоа го извади мобилниот и гледаше во него. Фановите велат дека изгледал мизерно.

„Изгледа како да е заложник. Хари е најмизерниот маж кој некогаш бил на концерт на Бијонсе. Хари изгледа како секој дечко или сопруг кој бил натеран да оди на концерт на Бијонсе“, коментираа тие.

Меган на концертот дојде во светкаво здолниште и бела маичка. Додека траеше концертот пееше, ракоплескаше и танцуваше. Хари пак носеше сако, маичка и бели панталони. На моменти изгледаше како да ја игнорира Меган. Некои коментираа дека принцот се соочува со многу проблеми и затоа е несреќен. Покрај тоа што немаат финансиска помош од кралското семејство и двајцата останаа без неколку договори, како оној со Spotify. Без договорите за документарците, поткастите изгубија милиони.

Покрај тоа, неодамна британските медиуми почна да шпекулираат дека бракот им е во криза, наводно поради финансиските проблеми со кои се соочуваат. Некои тврдеа дека извесен период биле разделени, но дека сепак не планирале да се разведат. Само си давале простор за полесно да ги решат проблемите.

 

 

Scroll to Top