(Фото) Домот на Лијам Пејн е проколнат, пејачот тврди дека во него се случувале мистични работи

Музичарот и поранешен член на бендот One Direction, Лијам Пејн, конечно успеал да се ослободи од својот имот во Санта Моника. Пејачот јавно зборуваше за тоа дека во неговиот дом се случуваат многу чудни и мистични работи, а дури по две години, успеа да ги продаде импозантниот имот и куќата.

Tој го продал комплексот за повеќе од 10 милиони долари, во кој има голема површина со лозје, соба за медитација, библиотека, водопад. Сепак, и покрај целиот луксуз, тоа што сигурно му одмогнало во продавањето се неговите јавни тврдења дека живее во проколната куќа.

Тој уште во 2017 година изјави дека на мајка му на улицата ѝ пришла непозната жена за да ја предупреди за духот од претходниот сопственик, кој сè уште го опседнува имотот.

На имотот Лијам живееше со поранешната партнерка Шерил Кол додека таа беше бремена и го очекуваше нивниот прв син Беар.

„Шерил не сакаше да остане сама во собата на катот. Видов како светлата се палат и гасат сами во текот на ноќта, а постоеја и морничави моменти во кои водата од чешмите почнуваше сама да тече“, раскажа Лијам.

Во близина на имотот се и домовите на Мајли Сајрус, Кардашјан и др. Сè уште не е познато кој е новиот сопственик на овој имот со малку чудна репутација.

Scroll to Top