(Фото) Двегодишната ќерка на Кајли Џенер на насловната на „Вог“

Кајли Џенер и нејзината ќерка Сторми овој месец се на насловната страница на „Вог“ во Чешка. Со тоа двегодишната Сторми стана најмладата личност што се нашла на насловната страница на светскиот моден магазин.

Сторми и нејзината мајка се сликани со мобилен, а позираат додека се во карантин во Лос Анџелес. Фотографиите ги направија браќата Морели.

Инаку, Кајли и Сторми во моментов се на одмор во Вајоминг и престојуваат на ранчот на Ким и Канје од 14 милиони долари.

Scroll to Top