(Фото) Двејн Џонсон напорно тренира за новата улога

Актерот Двејн Џонсон, познат како The Rock (Карпата), последните 18 недели редовно вежба во теретана за потребите на снимањето на новиот дел на филмот „Брзи и бесни“, под името „Hobbs & Shaw“.

Актерот редовно вежба со години, но во последните недели е посебно дисциплиниран поради улогата. 46 годишниот Џонсон со резултатите се пофали на Инстаграм, каде откри дека сега тежи 118 килограми. На фотографијата без маица, актерот ги откри и бројните тетоважи, а истовремено им се заблагодари на тренерот и бројните обожаватели ширум светот за поддршката.

„Карпата“ е една од ретките ѕвезди на чиј изглед се воодушевуваат и мажите и жените. Додека траат тренинзите покрај него ужива и неговата долгогодишна девојка Лорен Хашијан.

Двајцата се запознале во 2006 година, но љубовта пламна една година подоцна, откако Џонсон се разведе од неговата прва сопруга Дени Гарсија, со која ја има ќерката Симон. Во таа врска, Џонсон доби уште две ќерки Јасмин и Тиа.

Scroll to Top