(Фото) Ел Мекферон згодна во бикини на 55 години

Една од најпопуларните светски манекенки, Ел Мекферсон, објави слика во бикини и доби комплименти дека на 55 години изгледа совршено. Познатата Австралијка во текот на кариерата го носеше прекарот „тело“, а фановите ѝ порачаа дека и сега изгледа совршено.

„Бидејќи сум од Австралија, најудобно се чувствувам покрај море. Благословена сум што живеам во Мајами, на плажа. Луѓето ме прашуваат како сум и денес во форма – пијам многу вода, пливам, пешачам и медитирам барем 10 минути секој ден“, откри поранешната манекенка.

Ел се прослави кон крајот на 1990-тите години и беше една од омилените манекенки заедно со Наоми Кемпбел, Клаудија Шифер, Линда Еванџелиста и Синди Крафорд.

Scroll to Top