(Фото) Елтон Џон креираше Барбика инспирирана од неговите омилени очила

Легендарниот британски пејач Елтон Џон креираше Барби кукла, инспирирана од неговите омилени очила. Куклата има кадрава коса, и облека во стилот на пејачот , дополнета со виолетов шешир, а на фармерките се испишани неговите иницијали.

„Отсекогаш модата ја гледав како начин за самоизразување. Моите најрани сеќавања за Барби куклите се поврзани со модата, па таа дути и денес ја инспирира нашата култура, не само во однос на модата, туку и во уметноста и во мизката. Сигурен сум дека таа ќе живее вечно“, рекол популарниот музичар.

 

Џон бил вклучен во креирањето на облеката, но и во изборот на очилата. Вели, за неговата кукла ги избрал неговите омилени.

„Низ годините создадов завидна колекција очила, мислам дека имам околу 2000. Но, кога ја креиравме Барбиката знаев дека тука ќе мора да ги вклучам омилените што ги носев често во мојата кариера, розови со светки. Совршено ѝ одговараат на куклата“, додал тој.

Барби куклата со потписот на Елтон Џон се продава за 50 долари.

 

Scroll to Top