(Фото) Емили Ратајковски модерна, женствена и сексапилна

Светскиот модел Емили Ратајковски деновиве е во посета на Париз, а фановите ги изненади со новиот стајлинг – само во бежов капут. Емили преку фотографиите им даде неколку идеи на дамите за каков аутфит да се одлучат за престојните студени зимски денови.

 

View this post on Instagram

 

Paris. Last one. @livincool

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Модерна, убава, женствена и сексапилна, но, пред сè, облечена во топол материјал. Идеален фустан за претстојните студени денови, велат модните критичари на новиот аутфит на моделот. Ако сакате да го нагласите сексапилот, треба само фустанот да го спуштите на едно рамо, пишуваат во коментарите.

 

View this post on Instagram

 

Paris by @livincool

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Но, не само модните критичари. Многубројните фанови на социјалните мрежи не останаа рамнодушни на новиот изглед и објавените фотографии на Емили на „Инстаграм“.

Манекенката е навикната да се фотографира во разголено издание, но овој пат реши да ги изненади обожавателите.

Scroll to Top