(Фото) Ешли Греам чека бебе: Манекенката се соблече и откри дека е бремена

Најпознатата плус-сајз манекенка Ешли Греам чека второ бебе. Таа е во поодмината бременост, а веста ја објави на инстаграм, со фотка на која го покажа трудничкиот стомак.

„Изминатата година беше полна со мали изненадувања, големи таги, познати почетоци и нови приказни. А јас штотуку почнувам да разбирам што ни значи ова следно поглавје и да го славам“, напиша Ешли.

Познатата манекенка и нејзиниот маж, режисерот Џастин Ервин, веќе го имаат 17-месечниот син Ајсак. Претходно во интервју за „Волстрит“, Ешли откри дека таа и сопругот се подготвени за уште едно дете.

Scroll to Top