Светската ѕвезда Бијонсе, по пауза од речиси еден месец објави нови слики на „Инстаграм“ заради кои фановите тврдат дека е бремена. На сликите таа носи жолт елегантен фустан што ја следи линијата на телото и ги истакнува нејзините облини, но го нагласува и нејзниот стомак. „Нема дилема, кралицата Би е пак трудна“, „Ова е труднички стомак, не делува дека е здебелена“, стои во коментарите.
Ниту Бијонсе, ни нејзиниот тим не ги коментираа тврдењата за бременоста.
За потсетување, популарната пејачка е во брак со музичарот и продуцент Џеј Зи од април 2008 година. Двојката има три деца, ќерката Ајви Блу и близнаците Сер и Руми.