(Фото) Федерер и Анри на одмор во Хрватска, спортските легенди во кафеана никој не ги препозна

Светските спортски легенди, славниот тенисер Роџер Федерер и екс фудбалската ѕвезда Тјери Анри летуваат во Хрватска на островот  Мали Лошињ. Федерер неодамна најави дека поради повреда на коленото нема да настапи на Олимписките игри во Токио.н Слободните денови швајцарскиот ас ги искористи за одмор во Хрватска во друштво на неговиот тренер и пријател Иван Љубичиќ.

“Денес беше облачно во Мали Лошињ и немаше многу луѓе, но дури и оние што поминаа покрај ресторанот не сфатија дека луѓето што ја напишаа историјата на спортот седеа на само неколку метри. Тие уживаа во мир и приватност без безбедност“, рекол за хрватските медиуми жител на Лошињ кој ги фотографирал славните спортисти на ручек.

Поранешниот хрватски тенисер а сега тренер Иван Љубичиќ е во стручниот штаб на Федерер од 2015 година, тие двајца се и големи пријатели и надвор од теренот.

Легендарниот фудбалер Анри во Хрватска е со партнерката Андреа Рајачиќ.

Scroll to Top