(Фото) Георгина на Роналдо во розов фустан заведуваше на филмскиот фестивал во Венеција

By

Манекенката Георгина Родригез воодушеви со стајлингот на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција. Таа се појави во свилен розев фустан со голем рез, со кој засени бројни колеги и колешки. Со себе понесе и маска, но не ја стави, за да може да се фотографира.

„Божица, изгледаш совршено“, биле некои од коментарите на бројните фанови на социјалните мрежи.

Модните експерти коментираат дека Гоергина заведувала на црвениот тепих и дека морала внимателно да се движи за да не открие премногу. Заедно со Кристијано Роналдо таа летово го мина на луксузната јахта со која пловеа низ Средоземното Море и португалското крајбрежје.

Со нив беа и нивните три деца, Кристијано Јуниор, близнаците Матеа и Ева Марија и најмладата ќерка Алана Мартина. Заедно се 3,5 години, а од неодамна Георгина позираше со голем прстен на раката, за кој многумина сметаат дека е веренички и дека вреди околу милион евра.

 

Ќе ви се допадне