Џенифер Лопез беше фотографирана во Лос Анџелес со нејзината ќерка Ема, која неодамна наполни 18 години, како и со нејзиниот брат близнак, а ова беше женски ден, па мајката и ќерката уживаа во шопинг, ручек, а исто така и во фризерски салон.
Модното издание на познатата Џеј Ло, која моментално ја завршува својата турнеја и постојано воодушевува со својот изглед и фигура во 50-тите години, на концертите, овој пат беше во фокусот, бидејќи носеше нешто сосема поинакво од стилот на кој сме навикнати.
Jennifer Lopez looks chic as she takes child Emme, 18, for a $300 haircut in Beverly Hills https://t.co/1Ey709g7T2
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) March 24, 2026
Станува збор за суптилно модно издание кое ја стави и во центарот на вниманието на социјалните мрежи. Според „Дејли меил“, патувањето на Ема на фризер ја чинеше 300 долари.
Таа носеше црно од глава до пети; молив здолниште што ги истакнува нејзините облини и едноставен црн сатенски топ без ракави, а на нозете, наместо штикли и платформи, носеше популарни транспарентни балетанки. Во раката носеше мала чанта од Диор и големи црни очила за сонце на главата.
✨️Jenny From The Block✨️
(20th March 26)#JenniferLopez #JLoVegas #jlolasvegasshow pic.twitter.com/QEWDLANXpT— Celi.JLover💍 (@Celiiina_La) March 21, 2026
Додека некои луѓе мислат дека оваа негламурозна комбинација на Џенифер е вистинско освежување, други се на мислење дека „не ја гледаат во ова“, бидејќи тоа не е нејзин стил.






