Американскиот глумец и познат кечер, Џон Сина (43), се ожени со својата 13 години помлада девојка Шеј Шаријацадех. Тие се венчале во петокот на Флорида, според венчалниот документ што го објавија некои американски медиуми. Двојката е во врска од почетокот на 2019 година.
„Не можев да престанам да ја гледам од првиот момент кога ја запознав“, рече во едно интервју Џон за Шеј.
Тие првпат беа видени заедно на премиерата на семејната драма „Дулитл“.
Ѕвездата на акционите филмови неодамна најави дека уште два негови филма треба набергу да се појават во кината, „Одредот на отпишаните 2“ и „Брзи и бесни 9“, но поради пандемијата, премиерата на двата филма е преместена за 2021 годинa.