Австралиската глумица Ребел Вилсон ослабе 45 килограми. Ова го потврди нејзиниот фитнес тренер, кој откри дека глумицата сега внимава на исхраната, ама и дека вежба шест дена во неделата.
„Ја прогласувам 2020 за година на здравјето“, напиша пред нова година Ребел и тогаш навести дека слабее.
Иако беше препознатлива по килограмите и одличната смисла за хумор, глумицата откри дека заради здравјето мора да го намали вишокот килограми.
Инаку, Ребел е позната по улогите во филмовите Pitch Perfect, Hustle, How to be Single, Bridesmaids и други.
https://www.instagram.com/p/B7CO6jXp8BR/?utm_source=ig_embed