(Фото) Глумците од „Мелроуз плејс“ се сретнаа по 10 години

Дел од глумците на популарната серија „Мелроуз плејс“ се сретнаа десет години откако престана да се снима серијата. Џози Бизет, Лора Лејтон, Даг Савант, Дафне Зунига, Ендру Шу и Кортни Торн-Смит беа на вечера во Њујорк, па објавија слики од дружбата.

„Сретнав неколку стари пријатели во Њујорк. Се надевам наскоро ќе се дружиме пак“, напишаа на сликите Лора Лејтон и Дафне на сликите и додадоа „засекогаш пријатели“.

„Мелроуз плејс“ се прикажуваше од 1992 до 1999 година, а потоа се снимија уште две нови сезони во 2009 и 2010 година. Американските медиуми пишуваат дека познатите глумци можеби договориле повторно да се снима серијата, по теркот на „Беверли Хилс“.

Scroll to Top