(Фото) Го носиш бебето како да е чанта: Фановите ја нападнаа Емили Ратајковски дека е лоша мајка

Манекенката Емили Ратајковски на Инстаграм објави неколку слики со нејзиниот син Силвестер Аполо и го навлече гневот на фановите, кои ѝ коментираа дека е лоша мајка. Тие ја критикуваа дека не знае како треба да го држи бебето што го роди пред три месеци.

„Треба да му ја држиш главата“, „Го држиш детето како вреќа ориз“, стои во коментарите. По нападите, Ратајковски ја исклучи можноста за коментирање на сликата.

По ова, фотките почнаа да се споделуваат и на Твитер, а повеќето, исто така беа со негативни коментари и осуди. „Го носиш тоа кутро дете како чанта, не е моден додаток“, „Го држи детето како да е багаж за на плажа, а потоа го забрани коментирањето“, пишуваат.

И познатиот британски водител Пирс Морган јавно ја искритикува манекенката.

„Вака не се носи дете и не треба да охрабруваш милиони твои следбеници да го прават истото. Со задоволство ќе ти дадам совет ако ти треба“, напиша тој.

Scroll to Top