(Фото) Гордон Ремзи петти пат стана татко

Британскиот готвач Гордон Ремзи петти пат стана татко. Неговата сопруга Тана Хачесон се породи вчера и роди момче што ќе се вика Оскар.

„По три БАФТИ и едно ЕМИ, конечно добив и Оскар. Посакајте му добредојде на Оскар Џејмс Ремзи“, напиша Ремзи на „Фејсбук“ и објави слика со сопругата и бебето.

Гордон и Тана се во брак од 1996 година и имаат пет деца. Покрај Оскар, ги имаат ќерките Меган (21), Матилда (17), и близнаците Холи и Џек (19).

Scroll to Top