(Фото) Гвен Стефани тајно се омажи за Блејк Шелтон

Поп-ѕвездата Гвен Стефани (51) се омажи за својот свршеник кантри-ѕвездата Блејк Шелтон (45), објави порталот „Пејџ сикс“.

Музичката двојка имала интимна церемонија на фармата на Шелтон во Оклахома. Американските медиуми пишуваат дека Блејк веќе претходно изградил капела, со намера таму да се ожени со Гвен.

Двојката лани го купи првиот заеднички дом, замок во Енсино, Калифорнија,според „Variety“. Имотот од 13 илјади квадратни мерки ги чинеше 13,2 милиони американски долари.

Фотографиите од венчавката може да ги погледнте тука

Двокатната палата открива низа убавини, вклучително и гаража за четири автомобили, а голема кујна со врвни апарати, театар, кујна на отворено сместена во непосредна близина на голем базен и спа-бања.

И Стефани и Шелтон, кои се сретнаа како судии на шоуто за таленти The Voice во 2014 година а започнаа да се дружат во 2015 година. Подоцна  Шелтон го продаде домот во Брентвуд, Тенеси, што го делеше со екссопругата Миранда Ламберт во јануари 2017 година за 2,25 милиони долари. Преклани, Стефани го продаде домот на Беверли Хилс што некогаш го поседуваше со тогашниот сопруг Гавин Росдејл за 21 милион долари.

Scroll to Top