Слика на која глумицата Гвинет Палтроу вежба јога гола на планина се појави на инстаграм-профилот на „Гоп“, компанија која е во сопственост на глумицата, пишува британски „Сан“. И иако некои беа воодушевени од сликата, таа предизвика негативни реакции кај повеќето фанови на глумицата, кои ја нарекоа глумицата „анорексична“ и „преслаба“.
„Ѝ се гледаат ребрата, ова е катастрофално“, „Кога ќе престане културата на анорексичните жени во медиумите?“, „Изгледа како со денови да се изгладнува“, „Ова е многу лошо, премногу е слаба“, се само дел од коментарите на сликата.
Има и такви што коментираат дека на фотографијата не е Гвинет, туку дека глумицата ангажирала манекенка која многу наликува на неа. Палтроу, која лани се омажи вторпат, годинава ќе полни 47 години.