(Фото) Хари и Меган волонтираа во пекарница

By

Поранешниот принц Хари и Меган Маркл откако се откажаа од кралските должности се занимаваат со разни активности. „Дејли мејл“ пренесува дека тие сега волонтираат во една пекарница во Лос Анџелес.

Тие идејата ја добиле откако сфатиле дека можат да заработат милиони фунти, ако соработуваат со елитна агенција со која се во контакт и Барак и Мишел Обама. Ова е третпат откако Хари и Меган можат да се видат како волонтираат во хуманитарни цели, откако си заминаа од Британија.

Во април тие им помогнаа на сиромашни семејства полесно да ја пребродат кризата.

„Меган и Хари планираат да говорат на социјални прашања вклучувајќи ги и расната правда, половата рамноправност и менталното здравје. Чудно ми е зошто не почнаа да го прават тоа и од порано. Ова ќе биде еден од најголемите извори на заработка. Ова е нивниот прв чекор во кариерата откако го напуштија кралското семејство“, изјавил британскиот агент за односи со јавност, Марк Борковски, за странските медиуми.

Двојката подели фотографии од пекарницата. Тие им помогнаа на работниците околу подготовката на храната и дознаа нешто повеќе за самата програма на организацијата. На  инстаграм-профилот на пекарницата, вработените им се заблагодарија.

„Фала ви Меган и Хари што го посетивте нашиот тим. Нашиот персонал е воодушевен што помогнавте во подготовката на храна и дознавте повеќе за нашата неодамна програма #FeedHope, која вработува многу луѓе, осигурува оброк за сите стари и млади во Лос Анџелес кои не можат да да обезбедат во екот на пандемијата со коронавирусот“, стои во објавата.

 

Ќе ви се допадне