(Фото) Хедер Локлир ќе се мажи за средношколската љубов

Глумицата Хедер Локлир се вери со Крис Хајзер и наскоро ќе прави свадба. Тие се верени од крајот на април, но дури сега потврдија во јавноста.

58-годишната ѕвезда на „Династија“ и „Мелроуз плејс“ била во љубов со Крис уште во средно училиште. Тие се разделиле откако таа се пресели во Холивуд, но се сретнале пред неколку години и ја обновиле врската. Сепак, и во овој период имаа подеми и падови, Крис ја обвини Хедер за семејно насилство и неколку пати викаше полиција оти го нападнала, по што глумицата помина неколку месеци во клининика за одвикнување од лекови и наркотици.

Според магазинот „Пипл“, кој се повикува на близок пријател на двојката, Хедер и Крис се лудо заљубени еден во друг и покрај целата драма што им се случуваше периодов. Глумицата има голема поддршка и од семејството, посебно од 22-годишната ќерка Ава, што ја има од бракот со гитаристот Ричи Сомбора.

 

Scroll to Top