(Фото) Хју Џекман и Рајан Рејнолдс снимаа заедно за новиот филм

Хју Џекман и Рајан Рејнолдс ги снимија сцените со тепање во новото трето продолжение на „Дедпул“. Џекман во овој филм ќе ја повтори улогата на Вулверин од „Икс Мен“. Последен пат кога го играше ликот на Логан беше во 2017 година.

Со Рејнолдс снимаа на плажа во Велика Британија. Двајцата снимаа епска тепачка во нивните иконски костими на ликовите на „Марвел“.  Продукцијата на третиот филм „Дедпул“ е преместена во Велика Британија за да може Рајан да се фокусира на своите должности во фудбалскиот клуб Рексам.

Во третиот филм, Рајан ќе ја користи временската машина на Кејбл за да го спаси Вулверин пред неговата смрт во 2029 година и ќе се загубат во Мултиверзумот. За тоа време, Мобиус кој има пристап до технологијата за патување низ времето ќе ги гони.

Меѓу оние кои ќе играат во филмот е и Ема Корин од „Круната“, која ќе ја игра негативката во блокбастерот, пишува „Дејли Мејл“.

Scroll to Top