(Фото) Хју Џекман изнајмува луксузна куќа во Њујорк за 155.000 евра месечно

Австралискиот глумец Хју Џекман и сопругата, глумицата Дебора Ли Фурнес, ја изнајмуваат луксузната куќа во Њујорк за 155.000 евра месечно. Куќата се наоѓа во местото Ист Хамтпон во Њујорк, а ја изнајмуваат преку зима, пренесе „Њујорк пост“.

Станува збор за летна резиденција со пет спални соби и купатила, одвоена гостинска куќа, вежбална, лизгалиште, базен, џакузи, кујна и трпезарија. Ја изнајмуваат за 166.666 долари или околу 155.000 евра месечно. Куќата ја купија во 2015 година за 3,5 милиони долари, а ја преуредуваа шест години.

Имотот им е сместен на самото атланско крајбрежје. Во август минатата година потрошија 22,1 милиони долари за гламурозен пентхаус во Њујорк, а ја продаваат и зградата со три независни резиденции во Вест Вилиџ, за која бараат 38,9 милиони.

Хју иако со сопругата влезе во бизнисот со недвижности, не ја запостави филмската кариера. Ќе глуми и во третиот дел Deadpool како Вулверин, чија премиера е најавена за 8 ноември идната година.

 

 

Scroll to Top